Вишиот управен суд одлучи дека Правниот факултет „Јустинијан Први“ постапил спротивно на Законот за високо образование и на студентите од генерацијата 2008/09 им наплаќал незаконски по 500 евра како надомест на трошоци за подготвување, пријавување, прегледување, оценка и јавна одбрана на магистерскиот труд, објави Плус инфо.
Претходно Управниот суд ја отфрлил жалбата и констатирал дека Правниот факултет одлуката за наплата на надоместот ја донел во спротивност со законските одредби.
Факултетот се жалел до Вишиот управен суд, кој ја констатирал одлуката на првостепениот суд.
Според судската одлука, факултетот не го почитувал Законот за високото образование, во кој е предвидено дека студентот има право редовно да напредува, да се образува и да го заврши студирањето под условите кои важеле при уписот.