Со почеток во 18 часот, утре (25 август) во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се одржи „pre-party“ за дванаесетото издание на музичкиот фестивал „Здраво млади“.
Организаторите најавуваат дека ќе настапат „DJ Goce“, „Martix“, „S.A.M“, „Pluto’s Doubts“ и „Diah“.
„На 25 август ве чекаме во МКЦ да се загрееме на ‘Здраво Млади’, да уживаме во звукот на свежата музика и да видите што ново ви спремивме“, велат од „Здраво млади“.
Фестивалот „Здраво млади“ ќе се одржи на 3 септември во Младинскиот културен центар, а на овогодишното издание, ќе настапат „Deerhoof“, „Holy Fuck“, „Tamada“, „21 vek“, „Sitzpinker“, „Porto Morto“, „Tootard“, „Rush to relax“ и „Палиндром“.