Повеќето револуции започнуваат тивко и наративно, како на пример бајките. Според популарното мислење, бајките се развивале исклучиво од народни раскажувачи – од приспивните песни па сѐ до имагинациите на децата низ векови раскажувања.
Но, оваа приказна е мит.
Бајките биле измислени од „сината крв и мешавината на пот и парфем“ во елитните кругови на француските писателки од 17 век, познати како контеси, или раскажувачки. На основачката на терминот „бајка“, бароницата Мари Кетрин д’Алнеј, не и бил потребен јунак кога ја објавила првата бајка во 1690 година.
Нејзината снаодлива кралица Фелисит била вистинска хероина, царувајќи со прекрасно кралство и опсипувајќи го со подароци и посветеност љубовникот принц Адолф, кој ја напуштил откако се стекнал со слава и моќ преку нивната врска.
Во последните години на владеењето на Луј XIV, француското општество станало религиозно и конзервативно. Истакнатите свештеници ја расправале забраната за претстави во Версај, а уметничките форми како романи од женски авторки, трпеле зголемени критики.
Животот на жените во овој период бил длабоко ограничен. Тие се мажеле на 15 години преку договорени бракови со цел да го заштитат семејниот имот честопати со мажи многу години постари од нив. Жените не можеле да се разведат, да работат, ниту да ги контролираат своите наследства. И додека на мажите им биле дозволени љубовници, жените би можеле да бидат испратени во манастир две години како казна за озборување.
Токму во оваа репресивна атмосфера на последната декада на 17 век во Франција, бајките официјално станале жанр. Изведувани и рецитирани во литературни салони во 1697 година, бајките на д’Алнеј, Хенриет-Џули де Мурат, Мадемосејл Л’Херие и Мадам Мама Шарлот-Роуз де ла Форс биле собрани и објавени.
Во „Ла Меркур Галант“, најмодерното книжевно списание во Париз, новите раскази и нивните авторки се прославиле како последна мода. Субверзивниот жанр вклучувал мотиви и тропи од класичниот мит, средновековно ривалство, басни на Ла Фонтен и романи на раните феминистички француски писателки како Мадемозеле де Скудери и Мадам ла Фајет.
Мари Кетрин д’Алнеј и нејзините современички користеле хипербола, пародија и упатување на други приказни за да ги критикуваат обичаите и конвенциите што ја ограничуваат слободата и женското работење. За време на нејзиното творештво, главната тема на д’Алнеј била критиката на договорен брак, а нејзините хероини станале господарки на сопствените судбини.
Додека потрагата по љубов сепак продолжила, овојпат љубовта била според термините на читателките на баронесата.
Родовите улоги биле сменети; принцезите им се додворувале на кнезовите, правејќи им херојски услуги и давајќи им прекрасни подароци.
Принцот на бел коњ од приказната „Сината птица“ сѐ уште е привлечен за модерните читатели, највеќе поради неговата сила, способноста со часови да слуша и учествува во заемен разговор, неговата посветеност и нежно додворување. Но д’Алнеј, сепак го задржува нејзиниот хумор и поткопување на кавалерскиот код на љубовта. Во „Финет Кендрион“, варијација на познатата „Пепелашка“, принцот страда од љубовна треска која е опасна за неговиот живот.
Д’Алнеј немала имитатори кои сакале да создаваат минијатурни фантастични светови слични на нејзините. Д’Алнеј, е првата која успеала да вметне критики кон патријахатот во бајките, а нејзините кралеви, татковци и владетели биле неефикасни, пасивни и неразумни карактери. Контесата го создала архетипот на класичните хероини во бајките; „Пепелашка“, „Заспаната убавица“ и „Рапунзел“.
Баронесите биле најпродавани писателки во нивното време, нивната популарност продолжила и во 18от век кога биле објавени преку „Библиотека Блеу“ чии лесно достапни изданија циркулирале низ сите класи на општеството. Но нивните приказни биле комплексни, а моралот нејасен. Читателите биле возрасни и едуцирани луѓе, а не деца. Тесовите имале диолжина на новела, со развој на карактерите и сложени дијалози. Како што тие се развивале, приказните веќе премногу навлегувале во детали, станувајќи екстраваганти таписерии од минијатури. Ова била причината и за нивниот пад на популарност.
Во 19 век, кога браќата Грим почнале со собирање и објавување на народни бајки, тие ги отфрлиле приказните на контесите како неавтентични, бидејќи не го претставувале гласот на обичниот човек. Но, теоријата на браќата Грим дека бајките имаат линеарна врска со народните приказна се гледа како националистичка и шовинистичка од многу научници, имајќи предвид дека раскажувачот низ историјата најчесто била необразована жена.
Извор: Гардијан