Во четврток (7 ноември) со почеток од 19 часот во салата на Советот на Град Скопје ќе се одржи предавање за развојот на велосипедизмот и одржливата мобилност на градот Љубљана, Словенија.
Предавањето за трансформацијата на Љубљана во „точакољупски“ град ќе го води Андреј Клеменц, проектен менаџер за европски проекти за одржлива потрошна енергија и мобилност, кој ќе го пренесе искуството од Љубљана каде значително се подобрени условите во последните 6 години.
Андреј Клеменц возеше и низ Скопје. Смета дека Скопје е град на Балканот со најголем потенцијал за добра вело-инфраструктура, подобар од Нови Сад или Белград.
„Со мала инвестиција, Скопје може да биде многу подобар за на точак!”, вели тој.
Aндреј педали вртел во Њујорк, Амстердам, Копенхаген, Будимпешта, Ротердам, Берлин и многу други градови. Учествува во трансформацијата на Љубљана во град за слободно движење на велосипедистите.
Андреј ќе одржи свое предавање (http://www.youtube.com/
„Како што доликува, на предавањево ќе одиме со точаци. Се собираме во 18:20 на плоштад Македонија, на страната до Камен Мост и ќе извозиме една мала рута http://0.mk/
Настанот е организиран од Град Скопје, Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) и неформалната група на велосипедисти На Точак.