Скопското астрономско друштво на 17 и 18 декември повторно организира симулација на небото ослободено од облаци и светлосно загадување.
Предавачот Радан Митровиќ во Планетариумот ќе зборува за најинтересните и најважните соѕвездија и објекти, како и со календарите и нивната поврзаност со ноќното небо.
„Секако, централна улога има Планетариумот и неговата волшебна способност да ни го долови ноќното небо со преубав приказ на ѕвездите, да ни покаже како тоа се менува кога се наоѓаме на разни позиции на земјината топка, но и да го забрза текот на времето, а со тоа и движењето на ѕвезденото небо над нас“, стои во соопштението за предавањата.
Планетариумот е во состав на Младинскиот културен центар (МКЦ), а влезот е од страната што гледа кон Македонската радио телевизија.
Билетите во ограничен број може да се набават во билетарницата на МКЦ по 150 денари.