Предавање насловено „Развој и рано препознавање на натпросечно интелигентни деца“ на професорката Ана Фрицханд ќе се одржи на 19 февруари на Филозофскиот факултет во Скопје.
Предавањето го организираат од Менса Македонија и Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје
Предавањето ќе се одржи во Амфитеатар бр. 4 во 17 часот, а влезот ќе биде слободен за сите заинтересирани.