Која е тајната зад успешните маркетинг приказни на големите брендови? Колку пати надворешниот изглед на производ бил клучен при изборот на што ќе купите следно? Како изгледа една кампања на социјалните медиуми на големите брендови?
Ова се прашањата на кои ќе се зборува за време на двочасовната работилница, во организација на Creative Hub и Академијата за Маркетинг и ПР. Предавањето ќе го држи ПР експертот Коста Петров, кој е основач на маркетинг агенција „The P World“ и е најчитаниот македонски автор, познат по делата „Се гледаме на врвот“ и „Стравот“.
Темите кои ќе бидат опфатени вклучуваат:
1) Како успеваат големите брендови?
– Разбирање на денешниот маркетинг
– Coca-Cola Case Study: колку маркетингот фокусиран на брендирањето е важен и како да дефинираме маркетинг дестинација?
2) Која е целта на брендот кога зборуваме за социјални медиуми?
– За што зборуваме?
– Како зборуваме?
– Зошто зборуваме?
– На кого му зборуваме?
3) Изразување на целта на брендот на социјални медиуми
– Верба – Акција – Изведба
– Од цел на брендот до подвизи кои треба да се преземат
– Претворање на вашата идеја за брендот до рекламирање на истиот
– Искористување на моќта на вашите вработени за покажување на вашата приказна
Настанот ќе се одржи на 6 февруари во Јавна соба, но бидејќи местата се ограничени потребно е претходно да се пополни пријава на следниот ЛИНК најдоцна до 4 февруари, 18 часот.
За оние кои ќе ги одговорат точно прашањата постои можност да бидат дел од предавањето.