Во понеделник (4 јуни), во просториите на МИТ универзитетот во „City gallery“ во Центар ќе се одржи предавање за одредбите од Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер и искуството со неговото спроведување.
Предавањето е наменето главно за студентите по новинарство, политички или правни студии бидејќи тие во иднина ќе бидат директно вклучени во креирањето на јавните политики. Сепак, предавањето ќе остане отворено и за останатите заинтересирани граѓани.
„Како еден од основните демократски механизми е и Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер. Слободниот пристап до информации помага да се промовира одговорноста и им помага на граѓаните да ја мониторираат владата. Исто така, го зајакнува статусот на медиумите и на граѓанското општество, а со тоа придонесува кон реформските процеси и демократизацијата“, посочуваат од Асоцијација за демократски иницијативи ADI кои во партнерство со Здружението за економско-општествен просперитет „Човекот пред се“, го спроведуваат проектот „Имаш право на соодветна информација“.
Предавањето почнува во 15 часот.