Корисниците на „Порака“ – Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост ќе се претстават со своја хуманитарна предновогодишна изложба.
Таа ќе биде со продажен карактер, а сите средства ќе бидат донирани за „Порака“.
Делата беа насликани на работилници под водство на Еда Авмедовска и Ева Лазаревска.
Целта на изложбата е да се изнесе пред јавноста креативноста на лицата со ителектуална попреченост.
Изложбата ќе биде отворена утре (27 декември) во Кинотека на Македонија, со почеток во 19 часот.