Книга, облека, накит, храна, љубов, идеја? Што би подариле на предновогодишниот „Бесплатен пазар“ кој денеска во 17 часот ќе се отвори во Автономниот културен и социјален центар – АКСЦ?
Организаторите ја најавија проекцијата на документарниот филм „Consumed: Inside of the belly of the beast“ кој ја разработува темата за психолошките корени на модерниот конзумеризам. Проекцијата ќе трае еден час, а потоа следува мала дискусија.
Од 19 до 20 часот, ќе се отвори празничниот бесплатен пазар, каде може да се остави предмет или да се сподели некоја вештина, а да се замени со нешто друго корисно.
Исто така, на овој бесплатен пазар ќе се собира топла облека која ќе биде поделена на бездомни и социјално загрозени лица.
„Секој кој е заинтересиран, е добредојден да учествува. Донесете го она што не ви треба, земете го она од кое имате потреба! Ве замолуваме донесените нешта да имаат употреблива вредност“, стои во поканата.