Под слоганот „Прекривка од топли зборови“ во сите книжарници на ТРИ и онлајн на www.kniga.mk традиционално започна Зимскиот фестивал на книгата што ќе трае до крајот на месецот.
„Покрај новите наслови што неодамна пристигнаа во ТРИ, како ‘Крвавата месечина’ од Ју Несбе, ‘Бидете полезни’ од Арнолд Шварценегер и водечките книги во областа на психологијата – ‘Одмотајте го клопчето на анксиозноста’ од Џадсон Бруер и ‘Престанете да размислувате прекумерно’ од Ник Третон, се очекуваат и други новитети. Авторката на ‘Планината си ти’ (апсолутен хит во последната година) ќе пристигне со нов наслов – ‘Сто и една лекција што ќе ни го сменат начинот на размислување’, Џули Смит за првпат ќе се појави на преводната сцена со ‘Зошто никој не ми го кажал ова порано’, а трилер писателот Стив Кавана го имаме со нова приказна – ‘Фифти-фифти’“, велат од Издавачкиот центар ТРИ.
Освен фестивалски цени на сите изданија на ТРИ и на Паблишер, во текот на месецот ќе има акција на пет или на три книги за 500 денари.
Повеќе може да погледнете на Каталогот на овој линк.
Во текот на Фестивалот се планираат и средби со автори и промоции, за кои, информираат од „ТРИ“ читателите ќе бидат дополнително известени.