Преку „БиФри“ системот електронските уреди ќе може да функционираат без батерии

Истражувачите откриле нов систем кој им дозволува на електронските уреди „доживотно“ да функционираат без батерии, пренесува „Индипендент“.

Компјутерските инженери од Универзитетот „Нортвестерн“ и Универзитетот за технологија „Делфт“, создадоа технологијa за собирање на енергија која овозможува електронските уреди да функционираат без батерии, но со повремен влез на енегија.

Истиот тим претходно го претстави првиот „Гејмбој“ кој работи без батерии, а уредот работеше на енергија собрана од типкањата на копчињата

Инженерите се надеваат дека иновативноста на ваквиот систем, односно „БиФри“ системот, ќе го намали нивото на електричниот отпад во животната средина.

Технологијата е дел од новиот тренд познат како сеприсутно пресметување, чија цел е да ги направи компјутерите достапни во секое време и на секое место преку паметни уреди и Интернет (ИОТ).

Истражувањето ќе биде претставено на конференцијата „UbiComp 2021“ на 22 септември.