Илустрацијата и анимацијата се одличен начин за лесно да се привлече вниманието на гледачот кон одредена порака или идеја. Во случајов, младиот уметник Филип Велковски направи илустрации за да го претстави творештвото на македонскиот книжевен великан Блаже Конески.
Она што писателот го доловил преку зборови, Велковски сега го доловува преку форми и бои.
„Неговите поеми се доста апстрактни и голем предизвик е да се илустрираат“, забележа Велковски при разговор за Радио МОФ.
View this post on Instagram
Досега има направено три илустрации инспирирани од поемите „Везилка“, „Детето заспано крај езеро“ и „Три крупни жени“. Нив ги изработил за конкурсот организиран од Факултетот за ликовни уметности во склоп на Национална програма за одбележување на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“.
Иако не победил на конкурсот, младиот уметник реши своите илустрации да ги сподели со јавноста.
Изработката на една илустрација одзема време и труд не само за да се изработи, туку и да се истражува на темата, посочи тој.
View this post on Instagram
„Има луѓе што за жал ништо не прочитале од Блаже Конески. Дури возрасни луѓе не знаат ниту една негова поема. Ова е добар начин и добар повод да се крене свеста за неговото дело. И не само за него. Ова треба да е за сите македонски писатели“, смета Велковски.
View this post on Instagram