Улогите ги толкуваат Даниел Шикоски (Ловецот Мартин ), Марија Дурацоска (Убавка) Елена Столеска ( Ирина -Сестра на Убавка), Анастасија Тотовска (Матеја-Сестра на Убавка), Методија Столески (Зајакот), Бојан Крстески (Кучето Шаро), Мартина Кочоска (Лисицата), Матеја Миладинова (Малото Лисиче), Софија Ставреска(Мечо), Сара Стефановиќ (Волчо), Ристе Миладинов (Страхил-Татко на Убавка) Марија Ангелкоска (Елвис) и Јована Беќароска (Камило).
Во драмата „Зајакот во театар“ се зборува за Убавка и ловецот Мартин кои се сакаат, но Страхил,таткото на Убавка не ја одобрува таа врска па сите животни од шумата се договараат да им помогнат на Мартин и Убавка, За таа цел се договараат како да го „наседнат“ Страхил, односно како да го исплашат за да им дозволи на Убавка и Мартин да направат свадба.
Драмата „Зајакот во театар“ е една од многуте драми на Драмското студио „Миладин“ од Струга кое постои 103 години и го одржува драмскиот живот во градот, под раководство на Ристе Миладимов кој е потомок на „Браќата Миладиновци.“
Драмското студио Миладин на годишно ниво спрема просечно по пет премиери од кои три за деца и две за повозрасната публика, како и повеќе репризи.