Новиот драмски проект на независната продукција „Театар 007“ насловен „Државна болница“, утре премиерно ќе се изведе во 20.00 часот на малата сцена во Универзалната сала. Автор на текстот е Маринко Шлакески, а режијата е на Саша Нацевски.
Претставата го истражува степенот на влијание на глобализираното општество врз обичниот човек и конфронтацијата меѓу механизмите на глобализацијата и човечите основни инстинкти за опстанок.
Во неа играат: Филип Кипровски, Александра Стојановска, Влатко Толески, Тони Денковски, Виктор Арсов, Дарко Богески и Горан Ников.
ТЕАТАР 007 е основан во 1997 година и е еден од најактивните независни театри во нашата земја, кој ја негува експерименталната и алтернативна театарска естетика.