Во Драмскиот театар Скопје, вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Јов“ по текст на Венко Андоновски, а во режија на Сашо Миленковски.
Актерската екипа на претставата „Јов“ ја сочинуваат актерите Игор Стојчевски, Соња Стамболџиоска, Филип Трајковиќ, Златко Митрески, Игор Георгиев, Александра Павлова, Емилија Мицевска и Благица Димитровска.
Музиката е на Венко Серафимов, дизајнот на Владимир Симоновски, а кореографијата на Валентин Апостоловски. Во претставата играат и најмладите актери од Драмскиот театар.
Андоновски вели дека „Јов“ е обид да се види до каде се денес границите на трпението и поднесувањето страдања кај човекот и човештвото воопшто, додека режисерот Миленковски истакна дека претставата е за релативно млада публика.