Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“ на Елеора Венинова во Киноверзум

Краткометражниот филм „Прошетка“ во режија на Елеонора Венинова премиерно ќе биде прикажан во Киноверзум – Дом на култура „Билјана Беличанец“, во петок (17 мај) со почеток во 20 часот.

Филмот кој е снимен во еден кадар, ја раскажува приказната за едно девојче кое низ разговор со нејзиниот соговорник се обидува да дознае што се случило со баба ѝ. 

„Прошетка“ имаше светската премиера на Интернационалниот филмски фестивал во Леувен, Белгија, американскапремиера на SEEfest во Лос Анџелес, а во следниот период следува и премиера на филмот во Шпанија.

Главните улоги се на Билјана Драгичевиќ и Надиа Кирковска.

Филмот е продуциран од Три Точки Продукција во соработка со ДНФ Филмс и поддршка на Вардар Филм. Финансиран е од Агенцијата за филм на Р. С. Македонија. 

Влезот е бесплатен, но потребна е претходна резервација на билет.