Премиерно вечерва во Театарот за деца и младинци во Скопје ќе биде изведена современата драма „Нашиот клас“ од полскиот автор Тадеуш Слобоѓанек.
Станува збор за младинска претстава, наменета за публика над 14-годишна возраст која ги третира полско-еврејските односи.
Почетокот е закажан во 20 часот, а претставата е во режија на Владимир Милчин, кој првпат работи во овој театар.
Улогите ги толкуваат: Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Емра Kуртишова, Драган Довлев, Предраг Павловски, Владимир Лазовски, Ненад Митевски, Мики Анчевски, Бојан Kирковски и Мартин Јорданоски.
Сценограф е Kрсте Џидров, костимите се на Марија Пупучевска, а Марјан Неќак е композитор на два сонга.