Во сабота (26 ноември), со почеток во 20:00 часот, во кино Култура ќе се одржи премиерата на претставaта „ЛЕРИН полиња жито, ридишта крв“ од Русомир Богдановски, а во режија на Слободан Унковски.
Во неа играат Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Стефан Вујисиќ, Мартин Манев, Горан Ников и Владимир Петровиќ. Музиката е на Златко Ориѓански, костимограф е Розе Трајческа Ристовска.
Претставата е во продукција на кино Култура и Театар на Навигаторот Цветко.
Таа претставува продолжение на трилогијата СОЛУН, ЛЕРИН, СКОПЈЕ, која ги обработува настаните од граѓанската војна во Грција, положбата на македонското население и теророт на кој е изложено, битка за Лерин и падот на Демократската армија на Грција во која значајна ролја имале македонците.
Низ серија од сцени и сведочења се отвараат значајни прашања за нашата историја, за улогата на комунистичката партија на Грција во обидот за решавање на македонското национално прашање и за последиците што ги предизвикува до денес за нас овде, поразот на демократска Грција во судир со монархофашизмот.
Претставата е реализирана со финансиска поддршка на Кино Култура, Општина Центар, анонимни донатори и Министерство за култура на Република Македонија.