Филмот „Шишка Делукс” ќе ја има својата светска премиера на Филмскиот фестивал во Монтреал што ќе се одржи од 27 август до 7 септември.
Филмот „Шишка Делукс” е ко-продукција меѓу Перфо од Словенија, Кино Око од Македонија и Еволушн Филмск од Чешка, во режија на Јан Цвитиковиќ.
Главните улоги во филмот ги толкуваат: Жига Фидрансперг, Давид Фурлан, Марко Миладиновиќ, Перо Арсовски и Андријана Бошкоска-Батиќ и други.
Во авторскиот дел од Македонија се вклучени и сценографот Иван Бартлинг, Жаклина Крстевска како костимограф и Горан Игњатовски како шминкер/маскер. Македонски копродуцент е Роберт Насков преку продуцентската куќа „Кино око”.
Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија.