Премиерата на театарската претстава „Рододендрон“ ќе се одржи утре во домот на култура „Браќа Милдиновци“ во Струга, со почеток во 20 часот.
„Рододендрон“ е приказна за Богдан ( сопственик на свадбен салон наречен „Рододендрон“) кој покрај сопругата има и љубовница која на крајот ќе го напушти и ќе се омажи за неговиот најдобар пријател. Низ драмата присутен е и млад тинејџерски пар кој го прикажува животот на младите во денешно време.
Претставата „Рододендрон“ е дело на Ана Багарјана и е во режија на Ристе Миладинов. Таа е современа траги –комедија која го прикажува современиот живот на малограѓанството во денешни услови.
Улогите ги толкуваат – Имер Асоски (Богдан) , Ристе Миладинов (Виктор), Илија Ќосески (Мартин), Мишела Спироска (Пољја) , Бојан Крстески (Макс), Мартина Кочоска (Галина) и Софија Ставреска (Василина).
Влезниците се ограничени.
Даниел Шикоски