Премиера на театарската претстава „Ужегнатост“ во продукција на „Артопија“ – Скопје

По успешната реализација на претставите „Да го поздравиш и да ми го бациш“ и „Експеримент“, „Ужегнатост“ е трета театарска претстава во продукција на „Артопија“ – Скопје.

Претставата е работена по текст на чешкиот автор Иван Вискочил, а во режија на македонскиот театарски режисер Владимир Милчин.

Премиерата на претставата е закажана за среда (07.02.) во 21.00 часот, а репризното издание е ден подоцна, четврток (08.02.) во 21.00 часот.

Изведбата ќе се одржи во Детски театарски центар, Стара Чаршија (поранешно „Кино Напредок“).

Цената на билетот е 300 денари.

Билети може да се набават и преку продажната мрежа на МК Тикетс, на овој линк.