Претставата „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов во изведба на Градскиот драмски театар од Загреб, што ја режира Слободан Унковски, премиерно ќе биде изведена вечерва (петок, 17 јануари) во театарот „Гавела“ во Загреб. Toa e една од петте премиери во овој театар сезонава, а прва претстава на оваа сцена во календарската година.
Ова е првпат познатиот македонски режисер да работи во Хрватска. Во претставата, трите хероини на Чехов: Олга, Маша и Ирина ги играат Јелена Михољевиќ, Дијана Видушин и Ивана Рошчиќ, а драмата напишана во 1900-та година ќе биде прикажана од аспект на современоста, откривајќи ги неврозите и опсесиите на сегашноста.
Претставата „Три сестри“ на Чехов во театарот „Гавела“ последен пат е поставена во 1984 година, во режија на Ивица Кунчевиќ.