Премиерката на Исланд Катрин Јакобсдотир го објави својот прв трилер роман. Насловен „Рејкјавик“, трилерот го напишала со нејзиниот близок пријател Рагнар Јонасон, исландски бестселер автор на серијалот „Темниот Исланд“, јавува Евроњуз.
Идејата дека шефот на владата ќе има доволно слободно време да напише роман може да звучи апсурдно во повеќето земји, но не и во Исланд. Нацијата од 375.000 луѓе има силна традиција на читање и пишување литература, а според статистичките податоци, секој 10 Исланѓанец издава книга во текот на својот живот.
„Очигледно, ова не е нешто што мислев дека ќе имам време да го направам“, изјави премиерката на промоцијата на книгата.
Но, беше „прилично ослободувачко да се работи на овој проект за време на коронавирусот“, вели таа и додава дека ова е единствениот нејзин интерес.
Претходникот на Јакобсддотир, поранешниот премиер Дејвид Одсон исто така објави роман кога беше на функција, во 1997 година.