Националната опера и балет (НОБ) на 26 мај во 20 часот најавува премиерна изведба на музичко – сценското дело „Игри на животот“.
Како што најавуваат од НОБ, главната тема-идеја на проектот е Љубовта, прикажана низ делата на Хендел, Бах, Персел, Рамо.
„Споени во една приказна Кралицата Шиба, Кралицата самовила, Осман Паша… кои низ своите приказни ни покажуваат како војувале за љубов, се одмаздувале и љубеле безусловно, помирувајќи се со загуба на љубената и по цена на својот живот“, се вели во најавата.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.
„Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во строго ограничен број!“, соопштуваат од Национална опера и балет.