Ноќеска, во строгиот центар на Скопје, бил претепан Артан Садику, програмски директор на Институтот за општествени и хуманистички науки и познат граѓански активист, јавува Нова ТВ.
Инцидентот се случил во близина на кафе-барот „Mr. Jack“, по што Садику бил превезен во болница а утринава бил пуштен, изјавиле за НОВА блиски извори до Садику. Непознатите напаѓачи му го одзеле и мобилниот телефон на активистот.
Инцидентот го потврди и МВР:
„Околу 01.15 часот, на бул. „Партизански одреди“, од страна на неколку непознати лица извршено е разбојништво над А.С. (30) од Тетово, при што истите физички го нападнале и му одзеле мобилен телефон и паричник во кој имало околу 300 денари“, се вели во полицискиот билтен.
Садику пред неколку дена настапи на дебатниот настан „Аргумент- Овој дом не би гласал за избори“.
Извор: Нова ТВ