Шериф Реџеповски e малолетникот што во саботата беше претепан од групата која имаше неуспешен обид да организира анти-геј парада во Скопје, објави телевизијата Алсат, а информираше и дека покрај Реџеповски повредени биле уште тројца млади луѓе.
Во својата изјава, младото момче објаснува дека било претепано без никаква причина додека се движело низ плоштадот „Македонија“.
Тој исто така појаснил дека заедно со неговите родители сега бараат спроведување на законот и идентификување на напаѓачите кои се биле снимени од камерите поставени во центарот на Скопје, јави Алсат.