Од 3 до 7 јули на плажата Сараиште во Охрид ќе се одржи претпрограма за седмото издание на „Beach Film Festival“ кое е најавено во периодот од 17 до 21 јули.
Оваа година земјата во фокус на фестивалот е Шпанија, со поддршка од шпанската амбасада, а најавени се филмови за сите возрасти кои ја опишуваат моменталната состојба на светот, современите проблеми, миграциите, правата на децата, семејствата и врските.
Проекциите на претпрограмата ќе бидат од отворен карактер и ќе бидат бесплатни за сите посетители.
Овогодинешното издание на филмскиот фестивал ќе вклучува филмски проекции и музички перформанси на 4 локации во Охрид, односно плажите Славија и Сараиште, бродот Армада и Младинскиот културен центар.