Претседателката на ДОМ со геј знаме пред Собрание

Има ли поместување на владиниот став во однос на прашањата поврзини до ЛГБТ заедницата? Со знаме во боите на виножитото, претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска се фотографираше пред Собранието заедно со ЛГБТ активист и уште еднаш јавно им даде поддршка на луѓето од оваа заедница. Со оглед на фактотот што ДОМ е дел од конзервативната владеачката коалиција, либералните ставовови на Поповска не поминаа незабележано. Сепак, таа во изјава за Радио МОФ вели дека не може да зборува во име на коалицијата, но затоа додава  дека нејзината партија отсекогаш се борела за рамноправност на сите и слободна сексуална ориентација.

Лилјана Поповска од ДОМ со геј знаме пред Собрание

„Ние бевме присутни на отварањето на ЛГБТ Центарот и редовно даваме поддршка на сите вакви настани. Сметаме дека треба да се сруши стигмата. Јас верувам во борба преку институциите, а кога има аргументи ќе има и разбирање. Работите течат, процесот нема да сопре“, вели Поповска.

Како добар чекор напред таа ја наведува минатогодишната расправа во Собрание, кога претставници и на ЛГБТ ‘ заедницата разговараа за заштита на правата на маргинализираните заедници со претставниците на сите политички партии.

„ЛГБТИ луѓето влегоа во Собранието, тоа е голем чекор напред“, додава Поповска.

Но според Кочо Андоновски од ЛГБТИ Центарот, политичарите генерално се уште не покажуваат разбирање за барањата на ЛГБТИ луѓето. Оние кои даваат поддршка може да се избројат на прсти, вели тој за Радио МОФ.

Izjava na Koco Andonov od LGBTI Centarot by Radio Mof on Mixcloud

Според Беким Асани, активист од ЛГБТ Јунајтед има зголемување на видливоста на ЛГБТ заедницата, но паралелно со тоа и раст на хомофобијата во македонското општество.

„Првиот чекор е направен, не чека долг пат до целта, до еднаквоста, но ние како организација сме отворени за соработка со сите фактори кои имаат позиции за решавање на проблемите на ЛГБТ лицата“, додава Асани.

Сепак пред последните локални избори уште еднаш политичарите покажаа дека ги игнорираат барањата на ЛББТ заедницата. Ниту една политичка партија не даде одговор на прашалникот испратен од ЛГБТ Центарот за тоа какви мерки преземаат партиите за  подобрување и заштитата на правата на ЛГБТ заедницата. Исто така македонските власти не преземаа никакви чекори за спроведување на Препораката на Советот на Европа за промовирање на толеранцијата и осудување на говорот за омраза. Во Законот за спречување и заштита од дискриминација, сексуалната определба сеуште не е земена како основ за заштита од дискриминацијата, што нешто што наскоро мора да се смени, бараат активистите.

J.J.