Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за помилување.
За претседател на Комисијата за помилување именуван е проф. д-р Методија Каневчев, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска, Саше Димовски и Ајтен Шаќири.
При изборот и именувањето на членовите на Комисијата за помилување претседателката Сиљановска Давкова, како што наведуваат од нејзиниот кабинет, се водела по критериумите за стручност, компетентност и конкурентност. Именуваните членови, како што истакнуваат оттаму се истакнати експерти и познавачи од областа на правото.