Претседателката Сиљановска Давкова помилува петмина осуденици по повод празникот Илинден

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод празникот Илинден помилува пет осудени лица. Два од нив потполно, а три делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор.

Петтемина осудени лица се помилувани во траење од два до четири месеци, кое кај двајца од нив доведе до потполно ослободување од извршување на казната затвор, соопштија од кабинетот на претседателката.

Потполно се ослободуваат од извршување на неиздржаниот дел од казната затвор Андреј Методија Мојсоски од село Селце и Миран Латиф Исмани од село Слатино.

Во меѓувреме, делумно се ослободуваат три лица – Блаже Владимир Стојанов од Штип, во траење од 2 месеци, Ванчо Делче Кржовски од Пехчево и во траење од 2 месеци, Ненад Душко Магделиниќ од Штип во траење од 2 месеци.

Ова е прво помилување на осудени лица од претседателката Сиљановска Давкова.

Комисијата за помилување беше составена пред неколку дена.

Претседателката Сиљановска Давкова именуваше претседател и членови на Комисијата за помилување