Македонската опера и балет денеска (23 февруари) ќе изведе матине претстава за деца „Клинг-Кланг“.
Претставата е музичка авантура која како серијал за запознавање со музиката на најмладата популација, ја востанови гостинката од Австрија, Урсула Хорнер.
Она што е посебно важно за оваа претстава е активното учество на децата во неа. Ќе имаат можност директно да се запознаат со музичките инструменти, кои низ приказна ќе им ја доловат музиката како феномен. Ќе имаат можност да пеат, ракоплескаат и да поставуваат прашања до сите учесници на сцената на МОБ.