Театар на навигаторот Цветко вечер (28 декември) во „Кино Култура“ од 20 часот повторно ја поставува претставата „Како се прави човек – колективно авторство“.
Се работи за претстава во режија на Хана Миленковска, со драматургија на Горјан Милошевски. Претставата годинава беше добитник на „Гран при“ наградата на „Лица без маски“.
„Нашиот вид се наоѓа пред крстопат. Процесираме повеќе дразби, повеќе чувства од било кога досега. Новиот човек е преморен од сведочење ужас и неправда, преоптеретен со болката на целиот свет одеднаш. Анксиозен и апатичен, истовремено. Ние, се собравме под една заедничка кауза. Да зборуваме за тоа дека ранливоста е доблест, дека сочувствителноста е двигател на новите процеси низ кои треба да поминеме. Дојдовме до сознание дека оваа претстава е само почеток на еден долг процес за секој од нас поединечно. Процес на прифаќање. Прифаќање на личните трауми, на механизмите за заштита кои ги создаваме, на сопствената резигнираност. Сега останува да видиме дали нашите сознанија се релевантни за нашата публика, нашите солуѓе. Дали некој ќе пронајде смисол во сочувството“, се вели во најавата на претставата.
Во „Како се прави човек“ играат Наталија Теодосиева, Исидор Јованоски, Чедомир Митевски и Зоран Митровиќ.
Оваа претстава е дел од проектот „Направете место за младите театарџии“ со кој Театарот на Навигатор Цветко и Кино Култура имаат цел да поттикнуваат нова театарска продукција и да афирмираат млади автори.
Проектот е поддржан од општина Центар и Министерството за култура.