Претставата „Кислород“, на НУ Народен театар – Битола во режија на Иван Јерчиќ, ја доби наградата „Гранд При“ на Првиот интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев “ кој изминативе денови се одржа во Неготино.
Стручното жири вели дека станувало збор за „возбудлива и провокативна претстава која низ исклучителни инвентивни и емотивни играни актерски и режирани драмски сцени во својата комплексна структура поттикнува преиспитување на сложените егзистенцијални прашања со критика на општествените, социјалните и политичките проблеми“.
За најдобар актер беше прогласени Тони Денковски за неговата улога во „Анатомија на неверството на НУ Театар Комедија – Скопје, во режија на Александра Кардалевска, додека за најдобра актерка беше прогласена Димитрина Мицкоска за улогата во „Гр
Наградата за најдобар актерски пар ја добија Изабела Јакимовска и Бранко Атанасов за изведбата на дуодрамата „Ожени ме“ на Театар Провокација, Скопје во режија на Роберт Ристов, а специјалната награда „ Бранко Ѓорчев“ за извондреден актерски израз припадна на дуодрамата „Мојот сопатник стравот“, на театарот „Сцена Маска“ од Шабац, Р. Србија.
Стручното жири беше во состав состав: Благој Чоревски – Чоре – актер, Мирјана Ристов – актерка и Билјана Крајчевска -драматург.
Фестивалот беше во организација на Општина Неготино и Театар Провокација – Скопје.