Новата претстава на Турскиот театар – „Лавина“ од авторот Тунџер Џуџенолу, во режија на Наташа Поплавска, вечерва (30 април) со почеток од 20 часот премиерно ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија.
Улогите ги толкуваат: Зиба Радончиќ, Селпин Керим, Дин Ибрахим, Сузан Акбелге, Бурханетин Ибрахим, Џенап Самет, Слаѓана Вујошевиќ, Јеткин Сезаир, Инес Радончиќ, Емине Халил, Аксел Мемед и Наџије Кеч.
„Дали лавината е само појава во природата или можеби ние во нашите глави сами го создадовме овој страв?“, вели режисерката Наташа Поплавска.
Изборот на музика го направи Ристо Вртев, а кореографијата е на Ирена Лозинска.
Претставата ќе има превод на македонски јазик.