Во продукција на независното театарско здружение „Артопија“, доаѓа најновата претстава, „Мајсторот за спомени“ по текст и режија на Јане Спасиќ.
Претставата премиерно ќе биде одиграна на 8 ноември, понеделник, со почеток во 2о часот.
На сцената на Младинскиот културен центар ќе играат актерите Ненад Митевски, Елена Кузманов, Мартин Јорданоски, Бојан Кирковски, Симона Спировска и Анастасија Аневска.
„Успешен психотерапевт, со специфични методи на терапија, кои се состојат од менување на сеќавањата на своите пациенти, полека ги губи своите спомени. Преку неговата борба да ги зачува своите спомени, претставата ги истражува сеќавањата и нивната поврзаност со театарот и животот“, велат за претставата од „Артопија“.
Сценограф на претставата е Мартин Манев, а костимографка е Бранкица Јордановска. Дизајнер на светло е Владимир Димоски, а композитор на музиката е Дарија Андовска.
Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk. Премиерата на претставата ќе се реализира согласно актуелните протоколи за организација на настани во затворен простор.