Претставата „Отело“, која требаше вечерва да се одржи во рамки на Скопско лето, се презакажува за 06.07 (четврток), со почеток во 20 часот во Театар Комедија.
Дирекцијата за култура и уметност – Скопје и Турскиот театар – Скопје одлучија да ја презакажат изведбата, поради учество на турскиот ансамбл на 44. Интернационален фестивал на алтернативен и нов театар „Инфант“ во Нови Сад и изнемоштеност на актерите.
Претставата викендов доби награда за најоригинално истражување на еден сегмент од театарскиот јазик на истиот фестивал.
„Отело“ на Шекспир, во продукција на Турски театар – Скопје, ја режира Дејан Пројковски. Улогите ги толкуваат Џенап Самет, Сузан Акбелге, Селпин Керим, Осман Али, Зубејде Али и Неат Али. Кореографијата е на Олга Панго, сценографијата на Татјана Христовска Блажевска, музиката на Горан Трајкоски, а костимографијата на Тања Кларис.