Драмски театар ја продолжува традицијата за поддршка и промовирање на помладите колеги студенти и дипломци на Факултетот за драмски уметности. Оттука, на 25 март (вечер, сабота) во 20 часот на сцената на Драмски театар – Скопје ќе се изведе претставата „Семејство“ на авторот Роналд Харвуд.
„Семејство“ е дипломска претстава на студентите на ФДУ во класа на професорката Зоја Бузалковска и доцентот Александар Степанулески.
„Претставата со мотото ‘Семејствата се добри затвори’ на интересен начин ни ги пренесува семејните релации. Освен на академската сцена на ФДУ, со оваа претстава младите актери гостуваа на МТФ ‘Војдан Чернодрински’, а во најава се и неколку нови гостувања на сцените на македонските театри“, велат од Драмски театар.
Во претставата играат Мартин Ѓоргоски, Сара Спиркоска, Лазар Христов, Ања Митиќ, Леонардо Лазов, Анастасија Величковиќ, Стефан Николовски, Нела Павловска и Јана Вељановска.
Фото: Драмски театар