Претставник на ОН: Рохингите во Мјанмар принудно се изгладнуваат

Мјанмар го нема запрено етничкото чистење на Рохингите во провинцијата Ракине, посочил претставник за човекови права на Обединетите Нации, пренесува ББЦ.

Според информациите на заменикот генерален-секретар за човекови права на ОН, Ендрју Гилмор, продолжува „кампањата на терор и принудно изгладнување“ шест месеци по воената акција која предизвика масовен егзодус на Рохинга муслиманите.

Од Август околу 700 илјади луѓе се пребегани во соседниот Бангладеш кои сведочеле за силувања и уништување имот од војниците и криминални групи.

„Етничкото чистење на Рохингите од Мјанмар продолжува“, изјавил Гилмор.

„Природата на насилството е променето од крвопролевањата и масовните силувања минатата година, во кампања со помал интензитет на терор и присилно изгладнување“, додал тој откако разговарал со новопристигнатите Рохинга бегалци во преполните бегалски кампови во Бангладеш.

Војската на Мјанмар, пак, посочува дека се борат против милитанти етнички Рохинги и отфрлаат дека напаѓаат цивили во провинцијата Ракине.

 

Властите во Бангладеш и Мјанмар преговараат за враќање на бегалците во следните месеци, но распоредување на војска од Мјанмар на границата минатата недела предизвика загриженост.

Претставникот на ОН изјавил дека е „непоимливо“ за Рохинга бегалците да се вратат во провинцијата Ракине во блиска иднина на „безбеден, достоинствен и одржлив“ начин.

„Владата на Мјанмар е зафатена со информации до светот дека е спремна да ги прифати бегалците Рохинги, додека во исто време нивните безбедносни сили продолжуваат да ги протеруваат во Бангладеш“, рекол Гилмор.