Иако поголемиот дел од Европејците сметаат дека авторите имаат право да на заштита на нивната интелектуална сопственост, најголем број од популацијата на Европската унија смета дека нелегалното преземање содржини од интернет е оправдано.
Најновата студија на ниво на Европската унија спроведена од страна на Канцеларијата за хармонизација на интернет пазарите покажала дека 96 отсто од граѓаните на ЕУ мислат дека е сосема оправдана борбата на авторите за нивните права на интернет , јавува The Тelefraph.
Сепак, 42 отсто од испитаниците , исто така, велат дека за нив е прифатливо бесплатното нелегално симнување содржини од интернет , како што се музика и филмови, ако целта да се користи оваа содржина е само за лични цели. Оваа бројка расте до 57 отсто помеѓу младите од 15 -24 години.
Покрај тоа, само девет отсто од испитаниците од ЕУ признаваат дека во текот на изминатата година нелегално симнале содржини заштитени со закон за авторски права.
Меѓу нив, покажало истражувањето, имало значително повеќе мажи отколку жени .
Нелегалното симнуваат содржини од интернет во Велика Британија се смета за остар прекршок. Една студија направена минатата година на Универзитетот во Бирминген покажа дека IP адресите на сите корисници кои го кршат законот на овој начин, може да се откријат и евидентираат во рок од три часа , на што и работат дури десет различни компании за мониторинг и следење активности на интернет.