„Специјална Олимпијада Македонија“ организира еднодневен настан „Спортуваме заедно за среќно детство“ на која ќе биде претставена програмата „Млади атлети“ и ќе бидат презентирани придобивките за децата со и без интелектуална попреченост, преку демонстрација на стекнатите искуства на групите од Скопје и Тетово каде оваа програма се спроведуваше изминатите четири месеци.
Конференцијата ќе се одржи во СЦ Борис Трајковски на 17 јуни 2017 со почеток во 10 часот, а 11 часот е демо сесијата на која децата со и без интелектуална попреченост ќе ги презентираат стекнатите вештини.
Програмата „Млади Атлети“е иновативна спортско – забавна програма наменета за деца со и без интелектуална попреченост на возраст од 2 до 9 години, чиј фокус е развој на моторичките способности преку спортот, и социјалните и когнитивните способности, преку игра и забава.
Оваа програма „Специјална Олимпијада Македонија“ веќе две години успешно ја спроведува со неколку групи деца, а сега има за цел да ја вклучи и во инклузивните училишта во земјата. Реализирањето на оваа програма е овозможено од УНИЦЕФ и канцеларијата на ЕУ во Макеоднија.