Воздухопловната федерација на Македонија информира дека утре, во 11 часот, ќе ги презентираат новите можности за лицата со параплегија и квадриплегија.
Настанот ќе се одржи пред Дирекцијата на НЛБ Банка во Скопје, а според организаторот предвидено е потпишување на меморандум за соработка со Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“, како и промоција на тандем одело за воздухопловни летови за лица со параплегија и квадриплегија, набавено во соработка со Падобранската федерација на Франција, а финансирана со средства преку програма на Агенција за млади и спорт, за учество на спортисти на Меѓународни натпревари.
Радио МОФ минатата недела направи интервју со Вангел Тркљанов од Здружението „Без ограничувања“, во кое тој подетално зборува на оваа тема. Текстот е достапен на линкот во продолжение.