Младински образовен форум утре (23 декември) во 11 часот ќе го промовира истражувањето „За станарските работи – Истражување за животниот стандард на станарите во државните студентски домови „Браќа Миладиновци“ – Штип, „Кочо Рацин“ – Битола и „Пелагонија“ – Скопје.
По презентацијата на наодите ќе следи панел дискусија на која ќе се даде осврт на предизвиците со кои се соочуваат студентите и институциите со појавата на корупција во домовите, како и за механизмите за справување со истата.
На настанот учество ќе земат:
Директорот на Државниот студентски дом „Браќа Миладиновци“ – Штип, Мите Наковски
Раководител на одделение при Државниот студентски дом „Пелагонија“ – Скопје, Јулијана Атанасовска
Директорката на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“ – Битола, Соња Карапец
Претставник од Државната комисија за спречување на корупција
Виш програмски координатор во Фондацијата Отворено општество – Македонија, Сузана Пецаковска
Програмски координатор во Младински образовен форум, Петар Барлаковски
Проектот „Ангажирани студенти за студентски домови без корупција во Северна Македонија“ е имплементиран од страна на Младински образовен форум (МОФ) и се спроведува во периодот од ноември 2019 до декември 2020 година. Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија, преку Програмата за поддршка на високото образование на Фондациите Отворено општество.
Целта на проектот е да придонесе за зголемување на транспарентноста и отчетноста, како и за подобрување на квалитетот на сервисите што ги добиваат студентите во студентските домови преку нивна поголема вклученост и преку локални студентски организации за подобрување на условите во домовите и на студентскиот стандард воопшто.
Настанот ќе се одржи на платформата ЗУМ, а ќе се стрима во живо на ФБ страницата на МОФ.