Радио МОФ во служба на граѓаните – на копчето „Пријави проблем“ отвораме можност секој граѓанин, во секое време, да ни праќа и посочува одреден локален проблем. На info@radiomof.mk, на социјалните мрежи со хаштагот #ПријавиПроблем или на формуларот подолу пишувајте и/или праќајте фотографии за вашата локална депонија, улица, училиште, за несовесно работење на претпријатие, за граѓанска некултура или сомнеж за корупција.
Ако замижите за проблем, тој нема магично да се реши сам од себе. Ако пријавите проблем, со вашата одговорност ќе помогнете за развој на средината. Истовремено, ќе ги мотивирате и сите идни општински служби и градоначалници да си ја вршат работата. За тоа се избираат и треба да почитуваат критики, не само тапкање по рамо.
Сè е добредојдено. Нашиот новинарски тим соодветно ќе ги разгледува пристигнатите мејлови и постови, а потоа истражува и објавува на Радио МОФ доколку се работи за реални проблеми.
Веруваме дека активизмот се раѓа на локално ниво. Граѓаните со забелешки, идеи и препораки ја создаваат сопствената идеална околина. Тргнуваат од основните проблеми од соседството, од маалото, бидејќи тука почнува дејствувањето на заедницата и настануваат прогресивни проекти.