Министерството за образование и наука на Република Македонија информира дека конкурсот за додeлување на државната награда „Гоце Делчев“ ќе трае заклучно со 15 март 2018 година.
Со наградата „Гоце Делчев“, која се доделува за научна книга или дело објавено во 2017 година, се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на Република Македонија.
Право на конкурирање има автор или група автори на дела што се одделно објавени, рецензирани и каталогизирани.
Предлози за доделување на наградата можат да поднесат: Македонската академија на науките и уметностите, универзитетите, научните установи, истражувачко – развојните единици во стопанството, научни и стручни здруженија, други здруженија на граѓани и граѓани.
Предлозите за доделување на наградата и примероците од научните остварувања се доставуваат до Министерство за образование и наука – Одбор за доделување на наградата “Гоце Делчев”, ул.“Св. Kирил и Методиј” бр. 54, 1000 Скопје.
Повеќе информации можат да се обезбедат на следниот ЛИНК.