Во тек е пријавувањето за фотографскиот натпревар „Макпортрет 2024“ во организација на здружението на граѓани „Викимедија МКД“.
Како што информираат организаторите натпреварот е со цел обезбедување слободни фотографии од познати и истакнати современи дејци од разни полиња на делување од Македонија.
„Со овој натпревар сакаме да собереме фотографии од познати македонски личности, односно граѓани на Македонија, сликани од непосредна близина, со цел тие понатаму да бидат користени од документарен и информативен карактер на Википедија. Учесниците, односно натпреварувачите, како автори на фотографиите ќе треба да ги прикачуваат на Ризницата на Викимедија под слободна лиценца, за во иднина тие фотографии да бидат користени за подобра илустрација во статиите на Википедија, како и за другите слободни проекти поврзани со Википедија“, велат организаторите.
Награди:
Најуспешните учесници според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со ваучери од Pix+, и тоа:
Прва награда за бројност на фотографирани различни лица – ваучер во денарска противвредност во бруто-износ од 400 евра;
Втора награда за бројност на фотографирани различни лица – ваучер во денарска противвредност во бруто-износ од 300 евра;
Трета награда за бројност на фотографирани различни лица – ваучер во денарска противвредност во бруто-износ од 100 евра;
Награда за највисоко оценета фотографија – ваучер во денарска противвредност во бруто-износ од 200 евра.
Натпреварот трае до 15 ноември.
Повеќе детали за натпреварот и за начинот на пријавување може да најдете ТУКА.