„Прилеп џез викенд“ од 29 до 31 август

Од 29 до 31 август на летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 13. издание на Прилеп џез викенд.

Фестивалот ќе го отвори квартетот на тромбонистот Филип Стевановски, а по нив ќе настапи составот „Кобалт код јунит“. Втората вечер ќе започне со настапот на триото на Ѓоле Грујовски во 21 часот, па следува квартетот на Никола Бочваров со специјалниот гостин Ристо Вртев од „Архангел“.

На последниот ден од фестивалот ќе настапат гостите од Словенија „Јуре Пукл органик трио“ и српскиот состав „Црно дете“.

„Во оф програмата ќе има случувања на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука и во клубовите ‘Калинка’ и ‘Таверна’ во старата прилепска чаршија, каде што ќе настапат црковниот хор ‘Св. Петка’, бендот ‘Такси конзилиум’ и диџејот Мишко Сапунџија“, велат организаторите.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Општина Прилеп и неколку општествено одговорни компании.

Цела програма може да ја најдете ТУКА.