Во театарот “Војдан Чернодрински” при Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп се подготвува претставата „Добриот војник Швејк” која по текст од Бертолд Брехт, во превод на Благоја Ивчески, ја режира Мартин Кочовски. Премиерата, според најавите од режисерот се очекува да биде во втората половина на октомври.
Во претставата ќе играат Илија Волчески, Владимир Ѓорѓијоски, Даниела Иваноска, Андон Јованоски, Јасмина Мицовска – Станкоска, Наташа Наумоска и други. Драматург е Владимир Ѓорѓијоски, сценографијата и костимите се на Јулијана Војкова – Најман, а музиката на групата Фолтин.
Режисерот Кочовски по трет пат го поставува Брехт на прилепската сцена. Претходно ги режираше „Тапани во ноќта”, и „Кавкаскиот круг со креда” кои беа најдобри на МЕСС во Сараево, на Експонто во Љубљана, на МТФ”Војдан Чернодрински”.