Едно мало инди студио од Македонија креирано од двајца браќа од Охрид во 2022 година ја креираа својата прва игра „Mirror Forge“. Таа игра беше психолошки хорор каде што гејмерите ги оставаше без здив. Истите тие браќа, и истото тоа инди студио на 17 април ја издаваат нивната нова игра „Chasmal Fear“. Многу поголем проект кој што повторно се работи за хорор игра, но овој пат со многу акција, пренесува гејминг платформата ГГ.МК.
Според платформата, ова е нешто што никогаш до сега не сме го виделе во Македонија, а е многу забавно: документарен филм за играта „Chasmal Fear“. Документарниот филм ќе се состои од седум епизоди кои ќе излегуваат до 17 април, а на крај ќе се спојат сите епизоди во едно подолго искуство.
Документарецот е целосно поврзан со патешествието на браќата Боби и Жанко Мојсовски од Охрид, каде што нивниот град е претставен на целиот свет во едно поинакво светло. Се работи за патешествието при правење на играта „Chasmal Fear“, од нивните почетоци до самиот крај. Но сепак, „твистот“ е поврзан и со промовирање на туризам преку гејминг.
Предлог: пробајте да ги напишете кординатите кои се појавуваат во видеото, и видете го „истер егот“, пишува платформата.
Документарецот е изработен од професионалниот тим на: Срѓан Јаниќијевиќ како режисер, Гораст Цветковски од ГГ.МК како продуцент и органзација, дополнително документарецот е во продукција од ГГ.МК. Директор на фотографија е младиот Јове Ангелески.
За монтажата на документарецот е ангажиран Илија „Ики“ Цветковски, за се’ да звучи се перфектно се грижи Новица Крстиќ. И дополнително Сашко Георгиевски од „Арс Нова“ за шминка. Целиот прокет беше ангажирани од издавачаот на играта кој што е од Холивуд – Snail Games USA / Wandering Wizard.