Во скопската зоолошка градина пристигнаа 15 птици, од родот фламинга, информираа оттаму. Тие сега се чуваат во посебни услови, а ќе бидат покажани штом ќе биде комплетирано нивното живеалиште.
Во моментов во зоолошката се подготвува и живеалиштето за пингвините, кои наскоро треба да допатуваат од Лондон.
„Живеалиштата се при крај, се надеваме дека наскоро ќе заврши пандемијата и граѓаните ќе можат да уживаат во глетките на овие најубави тропски птици. Во исто време, градиме и нови катчиња со забавни содржини, каде најмладите целодневно ќе се едуцираат и уживаат“, објави директорот на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски.
Зоолошката градина во моментов е затворена за јавност, поради пандемијата со коронавирусот.
Скопската зоолошка ќе се вклучува со едукативни видеа во живо откако затвори поради коронавирусот